Лидерот на СДСМ и доскорешен претседател на македонската Влада, Зоран Заев се придружува на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 јануари, чија интернационална порака е „Никогаш да не се повтори“.
„На денешен ден се сеќаваме на жртвите од Холокауст, на загубените животи, растурени семејства и горчливи искуства. Да не заборавиме каде можат да нè одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат. Да продолжиме да градиме отворено и обединето општество за сите“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.