НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мизрахи игра табла со реалноста

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тазе излезена од анонимноста, барем за поширокиот дел од јавноста, техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, денеска фрли уште една „дубара“ пред македонската јавност за побрз влез во светот на популарноста. Веројатно убедена дека за момент ќе биде најдобра во партиското маало, и покрај ризикот на крајот да нема среќа, се реши за уште еден „диверзантски зар“ со кој повторно го исфрли паното со додавката „Северна“, кое ексминистерката, Мила Царовска, го користеше за прес-конференции во Министерството за труд и социјала и продолжи да игра на таблата на која пишува Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

Факт е дека постои само една табла во Министерството, но факт е дека Царовска изнајде начин да го премости проблемот со соодветно пано, или банер, како што некои го нарекуваат, до промена на таблата со средства кои досега не биле обезбедени од буџетот. Сега Мизрахи тврди дека тој не постои. Аш, папала маца!

Темата на која се зборуваше на претходната прес-конференција беше проблемите со децата без родители, на денешната, наводните, злоупотреби на Царовска во Министерството. Но, очигледно и во двата случаја сценариото беше така смислено најгласна да биде пораката до јавноста – дека не може некој да биде вистински загрижен за системот на социјална заштита и неговата евентуална злоупотреба ако првенствено не е прототип на патриот замислен во лабораториите на Белата палата.

Мизрахи не е осамен опозициски претставник во техничката Влада. Тука се и првиот човек на МВР, Наќе Чулев, заменик министерот за земјоделие и вљубеник во камерата која лови изненадно, Цветан Трипуновски, потоа заменик министерот за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и заменикот во информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски. Една од ланските предавачи на Школата за млади лидери, која, како што знаеме, функционираше под покровителство на експретседателот Ѓорѓи Иванов, очигледно е одбрана како непартиски кадар да биде главен партиски арлекин на предизборната политичка сцена.

Тоа јасно го покажува и нејзиното денешно удирање в гради дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и била подготовена, како што вели, да плати казна од 5.000 евра, како своевидна финансико олеснувачка и патриотско разорна контра на укажувања дека го крши Уставот за кој потпишала заклетва дека ќе го почитува, дека ги проблематизира односите со соседна Грција и создава проблеми во реализацијата на двете децениски стратешки цели на земјата – членство во НАТО и ЕУ, што повлекува политичка и правна одговорност.

Обидот за маркетиншка продажбата на овој „субверзивен“ потег за глас повеќе на изборите е со краток здив и тешко дека може да и донесе некакви поени на опозицијата која продолжува да си поигрува со чувствата на граѓаните. Мизрахи сигурно се сеќава на ланските акробации на „олимпиецот“ во оваа дисциплина Антонио Милошоски. Тогаш ексшефот на македонската дипломатија тргна со пенкало да исправа неправди по светот па на Твитер објави фотографија од акредитацијата што ја носи околу вратот како дел од делегацијата на македонското Собрание на пролетната сесија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, со пречкртано „Северна“ од името на државата што ја претставува. И тоа не беше се.

„Моќникот“ кој со месеци преговара за закон од јавнобвинителската сфера ни испрати и порака дека Македонија/Macedonia е името на народната волја, согласно референдумите од 1991 и 2018 година, и затоа ни препорача да ја искористиме за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и достоинството на секој Македонец.

Продолжи ли чкртањето во странство, а особено дома? Не, напротив. Се потпишуваат сите документи, материјали, меморандуми, патни налози, плата со уставното име. Неговиот собраниски колега со кого заедно пораснаа во Собранието, Влатко Ѓорчев, деновиве сето тоа се обиде да го одбрани со наводна грижа за госпоѓата која ги доставува материјалите и која долго време работи во Собрание. „Не сакам да и правам нејзе проблем, па да ја избркаат“. Силно и искрено! Нема што, солидарност на дело. Мизрахи сигурно се сеќава и на искачувањето на Милошоски на Олимп на крајот од 2014 година, кога го вееше знамето од Кутлеш, што предизвика реакција од официјална Атина, исто како што таа сега предизвика со својата нераскинлива љубов кон таблата.

Тогашните индивидуални испади на Милошоски, за кој подоцна од сет прислушувани разговори слушнавме како со Груевски лицитира со имиња меѓу кои и варијантата „Северна“ во заграда, беа компатибилни со стратегиските политики на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ која се впушти во реализација на процесот на таканаречената антиквизација (преименувања на аеродромот и автопатот, изградба на споменици) што требаше да го редефинира нашиот национален идентитет. Тоа беше опасно проблематично и на одреден начин влијаеше на уривање на позициите на македонската страна во преговорите.

Но, сега реалноста е поинаква и не соодветствува со она што го прави Мизрахи. Договорот со Грција, без оглед дали некому му се допаѓа или не, е реалност зад која застанаа Европа и САД. И јасно е дека таа реалност ВМРО-ДПМНЕ не може да ја промени. Дури и прагматичните политичари во Грција, каков што е очигледно премиерот, Кирјакос Мицотакис, уште првиот ден по освојување на власта ја прифатија реалноста и го поддржаа договорот иако пред да дојдат на власт го прогласија за отровен за Грција бидејќи отстапува македонски идентитет и јазик. Практично се откажаа од правењето подобар договор, но ветија дека ќе ги бранат интересите на Грција за деловите кои не се додефинирани во договорот како што се трговските марки, дел во кој и ние како држава би требало да имаме стратегија.

Фото: tovima.gr

Се повеќе од високи грчки функционери може да се слушне за „корисни начини за соработка на двете страни“ (Варвуциотис), за „една подобра иднина за двете земји“ (Панајатопулос). Тие на некој начин кореспондираат со цивилизациските придобивки за кои зборуваше Царовска – дека Грција лани стана наш трет стратешки партнер во трговската размена со вкупна вредност од една милијарда американски долари и дека таа преку солунското пристаниште ни е главната врска со светот од која сме економски зависни.

Голем и болен проблем е решен и враќање назад нема. Јадрото на проблемот околу кое сега треба да дебатираат политичките елити, како што посочија некои, се социо-економската стагнација, уништената средна класа и масовната емиграција на младите, доброто образование и здравство, граѓанското општество, кое ќе ги поттикне реформите и ќе придонесе за регенерирање на институциите.

Се друго од типот ревидирање или поништување на Договорот од Преспа со кој се довршува меѓународно етаблирање на државата е токсична манипулација со граѓаните. Таа потсетува на филмот „Гаслајт“ во кој сопругот се обидува да ја направи сопствената сопруга луда жртва која треба да го загуби чувството на перцепција, идентитет, сопствена вредност. Па кој нормален во државава не се чувствува Македонец, откако се придодаде географската одредница „Северна“. Тоа идентитетско преиспитување сосила го наметнува ВМРО-ДПМНЕ.

Тој факт, сепак, не ја спречува опозицијата, која збор не изусти кога во регистарот на Европските народни партии беше заведена како политички субјект од Северна Македонија, камоли така онеправдана да предложи повлекување, очигледно до крај да игра на картата со името со цел да предизвикува ситни кризи за дополнително сензибилизирање на граѓаните. Иако им е совршено јасно дека и да ја освојат власта нема ниту буква да сменат од Договорот.

Затоа е крајно нечесно, освен што манипулираат со граѓаните, да жртвуваат бесчуствително и свои партиски кадри кои веројатно го разбираат она што го кажува и претседателскиот кандидат на партијата Гордана Силјановска – дека новото име е правен факт, не само реален. Разбираат и дека не се изолирани индивидуалци туку претставници на државни институции, но ете мора да играат по диктатот на лидерот Мицкоски, чија партија гласа за ратификација на Протоколот за НАТО до кој дојдовме благодарејќи на Договорот од Преспа, а ваму на поситен терен си игра табла.

А што, конечно вика Мицкоски? Дека Договорот е реалност и дека доколку освои 80 пратеници тогаш ќе го смени. Тоа, впрочем значи, на свети никад.

Рашела Мизрахи реалност табла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.