НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мукоски: Го одлежав своето за несвесната грешка на 27 април

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За несвесната грешка на 27 април си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате, рече пратеникот Крсто Мукоски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во дебатата за законот за јавно обвинителство го критикуваше за собраниските настани од 27 април, забележувајќи и дека СДСМ претходно ја обвиниле фирмата на Мукоски за криминал што денеска не е случај.

„Што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора. Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе кои ги упатуваа луѓето горе да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок кој во моментот е во бегство, не барајте го Љубен Арнаудов, качете се горе, целта е Заев“, наведе Мукоски.

Многу ми е жал, рече Мукоски, за партијата ВМРО-ДПМНЕ „која што вие не можете да ја присвоите пред мене бидејќи можеби и пред вас сум нејзин член“.

„Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ денес е заложник на двајца, тројца криминалци како вас и се претвори во партија од примерот на Златна Зора во Грција или радикалите на Шешељ. Тоа не беше фундаментот или основата на ВМРО-ДПМНЕ од самото основање на партијата. Патот на ВМРО-ДПМНЕ е патот кон евроатлантските структури“, рече Мукоски.

Тој истакна и дека не очекувал Милошоски така да ја почне денешната дебата, оценувајќи ги неговите денешни тврдења како типичен пример на уплашен човек, криминалец кој знае дека еден ден треба да одговара пред законите на оваа држава. Во однос на фирмата за која го прозива Милошоски, посочи дека инспекциите и Управата за јавни приходи, иако вршеле контроли, не нашле ништо.

„Кога зборувате за фирмата „Атриум“, да ви кажам неколку збора. Таа фирма постои од 1974 година кога сум роден. Работела во Словенија до распадот на Југославија во 1990 година. Земала тендери од многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Тоа што го споменавте кога СДСМ дојде на власт, да точно е, обвинуваа, меѓутоа фирмата ја тресеа шест месеци и УЈП и финансиска полиција и сите можни инспекции и не најдоа ништо. И денес ве молам на ова обвинение да го пријавите овој случај повторно нека дојдат да испрашуваат“, одговори Мукоски на обвинувањата од Милошоски. 

Антонио Милошоски Закон за ЈО Крсто Мукоски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.