Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двотретинското мнозинство и натаму неизвесно, за законот за ЈО ке се гласа утре

0
By Нова ТВ on February 15, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 15, 2020 14:31

Со задоцнување од еден час, започна собраниската седница на која првично беше планирано да се гласа за законот за јавно обвинителство кое беше прва точка на дневниот ред. Сепак, за законот ке се гласа утре на денот на распуштање на Собранието.

Спикерот, Талат Џафери, премина на втората точка на дневен ред, а тоа се измените на Законот за советот на јавни обвинители.

Претходно пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес – конференција во Собранието ги повика пратениците од сите пратенички групи, како што рече, да се стават на страната на правната држава со тоа што ќе дадат поддршка за Предлог-законот за јавно обвинителство. Тој не можеше да каже дали власта го има потребното двотретинско мнозинство потребно за донесување на овој закон, ниту кога ќе почне седницата. Само кусо рече дека е отимист оти до чинот на гласање најмалку 80 пратеници ќе го имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава.

„Не можам да кажам кога ќе се гласа, за текот на седницата одговор треба да даде претседателот на Собранието Талат Џафери. Многу неблагодарно е да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, прво е неколегијално од моја страна, но длабоко сум убеден и сум оптимист до чинот на гласањето ќе го имаме потребното мнозинство и дека со сигурност најмалку 80 пратеници колеги, ќе имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава“, рече Костадинов.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, пак рече дека повеќе не се преговара за дво-третинско мнозинство и дека сите оние кои сакаат, утре ќе гласааат.

Тој додаде дека денеска на дневен ред би требало да ги усвојат законите за Советот на јавни обвинители како и законот за АВМУ и други закони, меѓу кои и законот за одбрана.

Груби е задоволен што се прифатило барањето за израмнување на Изборните единици, со што Маврово и Ростуше целосно се префрлаат во петтата Изборна единица и се исполнува уште една препорака на ОБСЕ и ОДИХР уште од 2014 година.

„ДУИ е задоволна околу измените во ИЗ кои беа прифатени консензуално од сите политички партии. Апсолутно никогаш ИЗ не бил услов за друг Закон, туку беа паралелни процеси со волја и ангажман на сите политички партии“, рече Груби.

 

гласање двотретинско мнозинство Закон за Јавно обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.