Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристевска во „Талир“: Ќе го докажеме незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on March 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 2, 2020 16:30

По повеќе од една година од првото закажано рочиште за судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во Кривичниот суд во Скопје денеска странките дадоа воведни говори. Продолжение на случајот е закажано на 20 март за кога Обвинителството побара да бидат повикани тројца сведоци, меѓу кои Силјан Мицевски и Јован Дерков. На ваквото барање реагираше одбраната, велејќи дека не треба да се менува редоследот на предложените докази и да се оди хронолошки или најпрво со материјалните докази, обвинувајќи дека се повикуваат сведоци пред изборната кампања. Случајот, поради промена на составот на судечкиот совет почна од почеток и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Во воведниот збор, обвинителката Ристевска рече дека ќе докажат како обвинетите презеле низа активности за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, спротивни на законските одредби за финансирање на политички партии, а со тоа оствариле финансиска предност од околу 4,6 милиони евра во однос на другите партии.
„Со предложените вербални и писмени докази ќе докажеме дека обвинетиот Никола Груевски ја искористил својата позиција во општеството и организирал противправно финансирање на партијата. Во тоа бил помогнат од обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески“, изјави Ристевска.
Посочи дека активностите не престанале со обезбедување на противправно обезбедување на средства за политичката партија и дека ќе докажат дека обвинетите Илија Димовски и Леко Ристоски организирале уплата на тие средства од лица, како да уплатуваат сопствени парични средства, со цел тоа да се покаже како легитимно финансирање на партијата.
Обвинителката, нагласи, дека ваквите околности ќе ги докажат со искази од предложените сведоци и докази кои ќе бидат презентирани во текот на главната расправа.
Одбраната на обвинетиот Никола Груевски, во воведниот збор, рече дека ќе докажат дека поранешниот премиер не ја злоупотребил својата позиција и остварил противправна финансиска корист за партијата со, како што наведоа, фактот дека ВМРО-ДПМНЕ има голем број на симпатизери и поддржувачи кои ја финансираат во согласност со Законот за финансирање на политичките партии.
„Ќе докажеме дека е невистинито тврдењето дека тој или друг од партијата користеле противправни начини за финансирање на партијата, преку давање противуслуги на правни лица за давање јавни услуги за централаната и локалните власти“, изјави адвокатката.
Одбраната, посочи таа, ќе докаже дека Јавното Обвинителство (ЈО) не може да докаже надвор од основано обвинение дека обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело за кое се товари. Одбраната, пак, на обвинетиот Кирил Божиновски, во воведен говор, наведе дека со изнесување на докази ќе докажат дека тој не ги сочинувал завршните извештаи и не ги организирал наводните уплати на средства за политичката партија. Посочи дека пред судот се водат уште два предмета со многу слично обвинение,  „Титаник“ и „Талир 2“, што создава забуна и најави дека размислуваат да побараат спојување со предметот „Талир 2“.
Одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески, рече дека на прво место обвинението не смеело да биде прифатено со оглед на рокот до кога смеело да биде поднесено истото, но и дека нема опис на делото за кое се товари.
„Божиновски и Јанакиески се обвинети дека помогнале на извршителот Никола Груевски како одговорно лице во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а диспозитивот на обвинетелниот акт никаде не зборува за посебни овластувања и должности кои ги прекршил Груевски за да може вака да се постави обвинението. Па, ако според тој опис Груевски не можел да стори кривично дело за кое се товари, во што тогаш го помагале обвинетиот Јанакиески и Божиновски. Што да ви докажувам со ваков опис, па се гледа дека нема опис и нема дејствие“, рече адвокатот.
Посочи дека банките и финансиските институции ги примиле средствата за кои се вели дека се нелегално уплатени, но не ги гледа во судот.
„Но, тие и не би можеле да бидат тука, зошто се е на законски начин. Ќе докажеме дека сите уплатени средатва се членарини и донации. Не постои ништо дека Јанакиески и Божиновски знаат за некои средства кои се слеани на сметката на ВМРО-ДПМНЕ се од сторено кривично дело. Каде е инкриминираниот прилив на пари, ако потпишаниот извештај е предмет ревизија на еминентна ревизорска компанија“, рече адвокатот.
Одбраната на обвинетиот Леко Ристовски наведе дека ќе докажат дека тој не го сторил делото со изведување на анализа на предложените докази.
Поради промена на составот на судечкиот совет, Судот на почетокот на денешното рочиште ја потврди одлуката за судење во отсуство на обвинетиот Никола Груевски, а обвинителството и одбраната, рекоа дека остануваат на предложените листи со докази. Обвинетиот Миле Јанакиески, образложувајќи ја листата на докази, рече дека предлагаат графолошко вештачење, но тоа ќе го изработат и достават кога во земјата ќе има лиценциран графолог, укажувајќи дека од 2018 година нема графолог со уредна лиценца.
„Предложените 839 сведоци се повикани во насока да се покаже дека сите уплати се уредно вршени во присуство на сведоци, вработени во банки и членови на месни и извршни комитети. Нашата цел е да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ не се финансира ништо поинаку од другите партии во земјата“, рече Јанакиески.
Судот рече дека се одбиваат дел од доказите предложени од адвокатите на одбраната, од причина што се предложени на исти околности и во насока на одолговлекување на постапката.
Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари во 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. Чингаровска призна вина и се спогоди со обвинителството, за што доби условна казна од две години.  За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ Ленче Ристевска Случај „Талир“ финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.