Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Грузија, Естонија и Ерменија во групата 2 во рамки на Ц дивизијата во новото издание на Лигата на нации. Вака сакаше ждрепката за најмладото репрезентативно натпреварување на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) што се одржа во Амстердам.
Македонија на 26 март во плејофот за пласман на Европското првенство ќе игра против Косово, а доколку победи, во финалето пет дена подоцна ќе гостува кај подобриот од мечот меѓу Белорусија и Грузија во решавачки 90 минути за место на завршниот турнир ова лето.
Лига на нации – Ц дивизија
Група 1: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан
Група 2: Грузија, Македонија, Естонија, Ерменија
Група 3: Грција, Косово, Словенија, Молдавија
Група 4: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан