НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седма жртва од експлозијата во Романовце: Утрово почина 55-годишен маж

0
By Нова ТВ on March 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце. Станува збор за 55-годишен маж кој, како што потврдија од Клиниката за пластична хирургија, починал утрово во шест часот на Клиниката за неврохирургија. Со тоа, бројот на жртви во несреќата се искачи на седум.

„Лицето почина во 06 часот утрово на интензивна нега на Неврохирургија. Лицето претходно се лекувало на Клиниката за пластична хирургија, но поради сериозност на повредите беше префрлен на интензивна нега на Неврохирургија“, изјави директорката на Клиниката за пластична хируругија, Софија Пејкова.

Починатото лице било со над 45 проценти зафатеност на телото со изгореници. Зафатени биле и дишните патишта, а имал и инхалациони изгореници. Од несреќата во Романовце, се лекуваат уште три лица во старата Градска болница.

Директорот на болницата, Љубен Арсенков информира дека во најсериозна состојба е 31-годишно лице. Пациентот е стабилен, но сè уште е во животна опасност и поврзан на апарати за дишење. Во оваа болница е хоспитализирана и бремената жена чија состојба е значително подобрена и префрлена е на одделение. Хоспитализираното десетгодишото дете е со висок процент на изгореници, но во релативно стабилна состојба.

Претходно починаа две жени, едната на 63-годишна возраст, а другата 36-годишна и еден маж на 58 годишна возраст. На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 годишна возраст.

експлозија плинска боца Романовце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.