НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Facebook со нови правила: Aвторизација и регистрација за реклами на политички кампањи

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да се овозможи вистински дијалог и да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот, преземавме мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето, велат од социјалната платформа Фејсбук.

Во јуни се направени алатки за транспарентност кои се глобално поставени и ќе овозможат огласувачите да добијат авторизација да објават политички реклами, да стои на нив квалификација „платено од“ и да ги стават своите реклами во дигиталната библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Сега овој процес е услов во 32 дополнителни земји, како Чиле, Јапонија, Мексико и Индонезија и ќе се работи на зајакнување на методологијата за реклами за избори или политика. Целосниот список земји што ќе бидат на листата кога ќе почне политиката на Фејсбук во средина на март, ќе биде достапен на Help Center. Исто така се работи на зголемување на имплементацијата оваа година вклучувајќи ги Мијанмар, Бразил и Нов Зеланд.

Авторизација

Секој кој сака да објави реклама за избори или политика во сите овие земји, ќе мора да го потврди својот идентитет со лична карта издадена од државата и на тој начин да преземат одговорност за рекламата. Огласувачот ќе може да одбере негова страница или страница на некоја организација каде ќе се појави квалификација „платено од“. Од огласувачот ќе се бараат дополнителни информации, како локална бизнис адреса, локален телефонски број, електронска пошта или интернет страница ако одберат да одат со оваа опција. Овие барања ги именуваат како одговорни за содржината самите огласувачи и важат и за Фејсбук и за Инстаграм.

Авторизацијата може да одземе неколку денови за да се подготви огласувачот да започне со овој процес и поради тоа треба да се започне сега со процедурата за да се избегне доцнење на рекламите.

Библиотека со реклами и API

Авторизираните огласувачи ќе ги имаат сите нивни реклами и информациите што се употребени за да се утврди нивната одговорност, во посебна библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Тука, тие ќе може да дознаат повеќе за рекламата, како на пример, колку луѓе се опфатени од неа и колку е потрошено, потоа демографски податоци за возраста, полот и локацијата за луѓето што ја виделе рекламата.

Од Фејсбук се свесни дека не можат да го заштитат изборниот процес сами, па поради тоа нудат увид во Ad Library API на истражувачи, академици, новинари и јавноста да истражуваат и анализираат за политичкото рекламирање. Сега, рекламите на 32 земји ќе бидат додадени во Ad Library API, а како дополнување ќе биде  Ad Library Report за секоја од земјите кон крај на април. Овој извештај ќе овозможи збирен преглед на рекламите и потрошеното во библиотеката со реклами и ќе биде на располагање во формат за симнување од интернет.

кампања Огласи Правила Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.