Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докази на Јанева во „Рекет“: запленетиот „ајфон“ бил подарок од сестра и

0
By Нова ТВ on March 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 13, 2020 12:29

Во Основниот кривичен суд во Скопје утрово продолжи судењето за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

Со денешното рочиште започна и изведувањето на доказите на Катица Јанева. Јавноста присуствуваше еден час, по што беше исклучена, бидејќи почнаа да се презентираат материјали од предметот „Империја“ каде што осомничен е бизнисменот Орце Камчев, кои во моментов се тајност зашто предметот се наоѓа во истрага.

По презентацијата на првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски на 1.600 фотографии од најпознатите светски брендови како доказ дека во најголем дел облеката ја купил пред 2019 година, а не со пари од Орце Камчев, денеска второобвинетата Катица Јанева почна да ги презентира своите материјални докази против обвинението на Вилма Русковска.

На почетокот на денешното рочиште беше објавено кратко видео од гостување во емисија на Катица Јанева во поранешната 1ТВ на 29 јануари 2019 заеднотогашните обвинители во СЈО, Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов, во кое таа вели дека е против одредувањето на најстрогата мерка притвор и нагласува дека и куќниот притвор е притвор. Според тоа што во емисијата го кажува Јанева, судот е тој што одлучува, а не обвинителот и можеле да не го прифати предлогот или не за мерка куќен притвор. Потоа како доказ го приложи Начелното правно мислење на Врховниот суд со кое ги забранува за СЈО истрагите, меѓу кои е и „Империја“, а потоа и одлуката на овој суд да го ослободи Камчев од притвор.

Дељо Кадиев, еден од адвокатите на второобвинетата во „Рекет”, Катица Јанева, посочи дека таа приход од плата на трансакциските сметки немала екстра приходи. Според Анкетниот лист, таа немала зголемен имот, а регистрирано е зголемување во кредитното задолжување. Телефонскиот апарат кој и бил одземен, всушност на наградна игра го добила нејзината сестра Лиле Делиџакова.

Таткото на Катица се лекувал во болницата на Камчев, а одбраната приложи доказ дека сметката е платена од картичката на сестра ѝ Лиле Делиџакова.

„Ова се презентира поради коментарите дадени од Ана Камчева во една од снимките објавени на ‘Ла Верита’ каде што таа вели дека татко ѝ на Катица Јанева се лекувал во ‘Систина’, а од овој доказ може да се види дека не се работи за никакво коруптивно однесување, туку дека сè е платено регуларно“, рече Кадиев.

ајфон докази Катица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.