Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првата пациентка со коронавирус во земјава денеска излегува од болница

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2020 08:57

Нема нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринаесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се наоѓаат во стабилна состојба. Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сè уште e непредвидлива прогнозата. Сите други пациенти имаат лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишното момче. Првозаболената пациентка денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.

Во меѓувреме се спроведуваат мерките и препораките за справување со коронавирусот. Целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници е мобилизиран и ставен на располагање. Приватните болници ги ставија на располагање своите капацитети, вклучително и близу 70 легла за интензивна нега, со респираторни машини за оваа патологија. Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека во државава има 120 респиратори од кои околу 90 во Скопје.

Се одложуваат сите хронични пациенти за кои интервенцијата може да се пролонгира. Се третираат само итните и малигните случаи кај кои исто така нема простор за одложување. Детската болница во Козле од денеска ќе прима деца кои ќе бидат евентуално заболени од коронавирус.

Кризната состојба и воведените мерки во општините Дебар и Центар Жупа од каде што се најголемиот број заболени лица, засега се спроведуваат без проблеми. Безбедносната состојба е стабилна, нема регистрирано собирања на јавни места или нарушувања на јавниот ред и мир. Влезот е дозволен само за локалните жители, а строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблем се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и другите потреби за граѓаните.

Се препорачува граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките на надлежните, да останат дома, движењето да го сведат на минимум, освен за неопходните потреби. Мобилните оператори преку СМС пораки ќе ги известуваат граѓаните за состојбата и актуелностите со коронавирусот.

Од денеска нема да работат продавниците во затворените молови, освен маркетите, аптеките и продавниците за храна. Отворените трговски центри ќе работат вообичаено.

Нема да работат кафулињата, баровите, клубовите, казината и обложувалниците. Рестораните и сите други продавници кои произведуваат храна, вклучително и рестораните во хотелите, пак, остануваат отворени, но без гости. Може да прават достава, да примаат нарачки по телефон или да вршат директна достава преку некаква форма на штанд или шалтер.

Надлежните апелираат до сите, особено до младите, да останат дома, да ги почитуваат мерките, и да ги следат информациите на институциите, а не лажните вести кои шират страв и паника околу коронавирусот.

Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата https://gdi-sk.maps.arcgis.com на која се приложени информации за број на пациенти по локација, возраст, дата на дијагностицирање со вирусот како и начин на заразување.

Коронавирус Македонија состојба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.