Лични карти и возачки дозволи од денеска ќе може да се достават на домашна адреса, но не и пасоши за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигнување на документот. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за оваа услуга да им биде овозможена на граѓаните.
Тој во саботата на прес-конференција информира дека се дадени конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот, односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст.