Затворска казна од три и пол години е изречена за Исмет Гури и Ејуп Алими кои беа обвинети во предметот „Титаник 3“ за уништување на изборен материјал за време на локалните избори во општина Чаир во 2013 година.
При објавување на пресудата, судијката Марија Клетничка рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Обвинетитот Алими, пак, е виновен за преземање на противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.
Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.