НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски: Колективното договорање останува на сила

0
By Нова ТВ on January 10, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колективното договорање останува на сила за вработените во јавниот сектор, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Со цел да им се појасни на вработените кои ќе бидат засегнати од примената на овие закони, Ивановски рече дека ќе се направи техничка измена во законите, односно ќе остане само зборот „и“ во делот каде се споменува колективниот договор.

– Во законот стои дека дел од обврските на вработените во јавната администрација се регулираат со договорот или со колективниот договор. Бидејќи станува збор за иста намера дека колективниот договор останува на сила, како и досега, за да им појасниме на вработените, зборчето „или“ се менува и станува само зборот „и“, изјави Ивановски по средбата со претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Во однос на реакцијата од Синдикатот на УПОЗ кој бара повлекување на законите, министерот Ивановски истакна дека овој синдикат активно бил вклучен во изготвувањето на текстот на законите.

Претседателите на синдикатите од јавниот сектор – здружени во ССМ, Тихомир Климовски, претседател на Македонски полициски синдикат, Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста, Зоран Георгиевски, претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ, предводени од претседателот на
ССМ д-р Живко Митревски деенска ги продолжија разговорите во Министерството за информатичко општество по однос на Предлог-законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за административни службеници со министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски и заменик-министерот Марта Арсовска- Томовска.

На денешниот состанок синдикатите ги образлагаа дополнителните предлог-забелешки и мислења по однос на законите, по однос на повеќе прашања, а особено околу прашањата поврзани со постапките околу оценувањето, постапката околу казнувањето, системот на кариера и други прашања за кои претходно беше договорено да бидат доставени и конкретни забелешки.

Утре и во понеделник продолжуваат разговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.