НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дончев: Третманот за сите лица со Ковид-19 паѓа на товар на ФЗОМ

0
By Нова ТВ on April 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблемот со здравственото осигурување на невработените лица, како и на лицата кои се отпуштаат, го има предвидено Фондот за здравствено осигурување кој предложи решение до Владата во кое сите лица без оглед на нивниот статус, односно доколку се дијагностицирани од ковид-19, целиот третман паѓа на товар на ФЗОМ, истакна директорот на Фондот, Ден Дончев утрово во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Во однос на лековите што се користат за третман за коронавирусот, Дончев рече дека Министерството за здравство, за да ги заштити пациентите, дозволило потпишување и издавање на товар на ФЗОМ додека траат мерките.

„Околу оние лекови кои во некои случаи се користат за третман од ковид-19, конкретно за лекот азитромицин и хидроксихлорокин, треба да сме свесни дека сè уште течат клинички студии за ова прашање. Точно е дека во одредени ситуации покажале успех во третманот. Токму поради тоа Министерството за здравство, за да ги заштити пациентите, дозволи потпишување и издавање на товар на Фондот додека траат овие мерки“, рече Дончев, додавајќи дека треба да се алармира дека оваа терапија мора да се применува исклучиво во болнички услови под надзор на лекари специјалисти.

Тој нагласи дека обезбедувањето на лекови се одвива непречено. И покрај вонредната ситуација, како што истакна, ФЗОМ нема информација за недостаток на лекови и се оддржува редовна комуникација со аптеките.

Во врска со дилемите во јавноста дали граѓаните на боледување ќе ги добијат своите пари, трудниците дали трудниците ќе ги добијат своите редовни надоместоци, за потребата на родилките дополнително да останат дома, Дончев потенцира дека сето тоа е регулирано од ФЗОМ и оти нема простор за страв.

„Ве уверувам дека се ќе тече како што беше до сега. Прво и пред се ФЗОМ е во солидна стабилна ситуација и сите обврски ќе течат по најрегуларен пат како што впрочем беше ситуацијата и до сега“, изјави директорот на ФЗОМ.

На прашањето за што помасовно тестирање за вирусот и воведувањето на нови пунктови за тестирање и каде се се тестира, што од тоа паѓа на товар на Фондот, како и точноста на некои тестови во приказ на сликата за заразеноста, Дончев објасни дека до сега тие како институција воопшто немале законска основа да се покријат ваквите типови на тестови, но дека интензивно се работи во последниве две недели и се многу блиску до конечно решение.

„Ден или два се прашање. Фондот работеше многу ургентно во соработка со Министерството за здравство и Владата. Точно е дека има два типа на тестови. Едните се брзи тест китови, додека вторите се тестови по т.н. PCR метода, што се тестови на молекуларно ниво. Граѓаните треба да се свесни дека тест китовите се индикација, но веројатноста за т.н лажни позитиви или негативи е значително поголема од оние тестови кои се прават на молекуларно ниво. Нашите епидемиолози ги прифаќаат вториве како веродостојни. Градиме капацитет за тестирање на молекуларно ниво, од најмалку 600 поединечни тестови на ден. Тоа е капацитетот во Јавното здравство и во пртиватните здравствени установи“, образложи Дончев.

Ден Дончев Ковид-19 Третман трошоци ФЗОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.