НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО предупредува: Светот има дефицит од шест милиони медицински сестри во светот

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 СВЕТ
Фото: nltimes.nl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека недостасуваат шест милиони медицински сестри во светот кој се соочува со глобална пандемија на коронавирусот. Агенцијата при Обединетите нации (ОН) заедно со здруженијата „Nursing Now“ и „International Council of Nurses“ (ИЦН) во своите извештаи ја истакнуваат клучната улога на медицинските сестри кои го сочинуваат 50 отсто од медицинскиот персонал на планетата.

„Медицинските сестри се ‘рбетен столб на секој здравствен систем“, рече првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Според статистиката на организацијата, во светот има околу 28 милиони медицински сестри чиј број е зголемен за 4,7 милиони во периодот од 2013 година до 2018 година.

„Но, тоа е сè уште помалку за 5,9 милиони од потребното“, се наведува во извештајот.

Најголем недостаток на медицински сестри е едидентитан во сиромашните земји во Африка, во југоисточна Азија, на Блискиот исток и во делови на Јужна Америка.

Дефицитот на медицински сестри на глобално ниво, според шефот на ИЦН, придонесува за пораст на стапката на зарази, медицински грешки и пораст на стапката на смртност. Исто така предупредува дека тој проблем резултира со исцрпеност на вработените медицински сестри.

Претседателката на здружението „Nursing Now“, Мери Воткинс, пак, повика на сеопфатни тестирања на здравствените работници во актуелната ситуација со коронавирусот. Тврди дека голем број од нив не одат на работа, бидејќи стравуваат дека се заразени, а не можат да го докажат тоа.

Во Италија, на пример, од ковид-19 починаа 23 медицински сестри, девет отсто од вкупниот медицински персонал е заразен, додека од Шпанија пристигнуваат вести дека 14 отсто здравствени работници се заболени со коронавирусот.

Извештај, исто така, укажува дека богатите земји не школуваат доволен број на медицински сестри поради што ги увезуваат за да ги задоволат своите потреби. Тоа, како што се наведува, само ја засилува кризата во сиромашните држави.

дефицит СЗО. Медицински сестри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.