НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Просечна разлика од 42 процента меѓу реалната потрошувачка и фабричките бројки на возилата

0
By Нова ТВ on April 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со цел приближување на разликата меѓу емисиите на CO2 добиени при лабораториски тестови и при возење во реални услови, што во изминатите години значително се зголеми, Европската комисија (ЕК) од 2021 година ќе ги евидентира податоците за потрошувачката и емисијата на CO2 од возилата во реални услови и тоа директно од податоците од шал-таблата на самите возила, нагласуваат од „Макпетрол“.

ЕК, според компанијата, ќе следи како оваа разлика се движи во периодот од 2021 до 2026 година и врз основа на тоа ќе изработи физибилити механизам за соодветно прилагодување на таргетот на просечна емисија на CO2 за 2030 година.

Европската федерација за транспорт и животна средина заедно со уште една германска НВО организација од 2016 година водат кампања насловена „Да бидеме реални – бараме потрошувачка на гориво на кое може да му веруваме“ со цел подигање на свеста на потрошувачите и креаторите на политики за се поголемата разлика за потрошувачката на новите возила меѓу податоците од производителите и потрошувачката во реални услови.

Моментално разликата изнесува 42 проценти

Според податоците на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT) од споредбата на потрошувачката декларирана од производителите и реалната потрошувачка на возилата на пат покажува разлика од 39 проценти кај приватните возачи и 45 проценти кај возачите на службени возила. Тоа значи дека во просек разликата од декларираната потрошувачка на хартија и таа што се плаќа на бензинските станици е за 42 проценти, заклучуваат од нафтениот гигант.

Според истражувањето ваквата разлика расте од година во година, од 28 проценти во 2012 на 42 проценти во 2016 година. Анализата на ICCT покажува дека производителите при тестирање на потрошувачката со Новиот европски циклус на возење (NEDC) ги оптимизирале возилата на начин што не може да се оствари во реални услови на возење, што резултира со поголема потрошувачка и поголема емисија на CO2. Затоа од 1 септември во 2017 година, новите модели мора да поминат на светски хармонизиран тест на патнички возила (WLTP) пред возилата да се најдат на европскиот пазар, истакнуваат од „Макпетрол“.

CO2 возила Емисија Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.