НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Биодизел – дизел – емисија на штетни гасови

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Биодизелот е смеса на чист и фосилен дизел. На бензинските станици во Европската Унија дизел – горивата содржат и до 10 проценти чист биодизел што се меша со фосилниот дизел на посебна постапка. На тој начин се исполнуваат нормите за квалитет и истовремено, со користењето на ова гориво се намалува емисијата на штетни гасови, се вели во дописот на „Макпетрол“.

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. Според податоците од Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, во структурата на потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2018 година доминираат дизел-горивата со 67,15 проценти, додека биогоривото има удел од само 0,2 процента.

На домашниот пазар, стои во соопштението на „Макпетрол“, се потрошени вкупно 571.893 тони дизел-гориво и само 1.747 тони биодизел. Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека 72,3 проценти од вкупно продаденото гориво во 2017 година било дизел-гориво, а на бензинот отпаѓаат 27,7 проценти. Продажбата на бензин има раст од 2,9 проценти, додека дизел-горивото има раст од 5,2 процента.

На ниво на Европската Унија 71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година содржел до 5 проценти етанол, односно 15,7 проценти со содржина до 10 проценти етанол. Од дизел-горивата продадени во Европската Унија во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти чист биодизел, додека 16,2 процента содржеле и повеќе од тој процент чист биодизел, нагласуваат од компанијата.

Биодизел Горива Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.