НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 36 случаи, тројца починати, 18 излечени

0
By Нова ТВ on April 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство (МЗ) денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа две пациентки од Куманово и од Крушево на возраст од 85 година, односно 77 години. Во денешната евиденцијата на Институтот за Јавно Зздравје (ИЈЗ) е регистриран и еден починат пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил ковид позитивен. Смртта настапила пред три дена за што неговиот матичен лекар денеска го информирал ИЈЗ.

Како што се наведува во соопштението, денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 11 лица, две од болницата во Дебар, а регистрирани се и пет оздравени пациенти (двајца од Кочани и тројца од Скопје) кои се лекувале во домашни услови по два негативно контролни теста на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на ковид-19 во земјава. По градови најмногу во Скопје – 22, следат Куманово – 4, Прилеп – 3, Струга – 3, Велес – 3, Битола – 1. Со новозаболените вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.117.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп – 103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43, Битола – 16, Охрид – 7, Кавадарци – 4, Гостивар – 12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26 и по два во Пробиштип, во Кичево и во Неготино.

Во изминатото деноноќие направени се 437  теста. Преку ИЈЗ – 230, преку Ветеринарен факултет – 20, „Авицена“ – 22, „Биотек“ – 35 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 130. Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестови на ковид-19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се пет нови пациенти и вкупната бројка на хоспитализирани во моментот изнесува 54. Од нив 18 добиваат кислородна поддршка, а пет пациенти се поставени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, од нив еден веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно седум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат осум пациенти кои се позитивни на ковид-19 од кои три лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се две лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис и тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од седум пациенти, два хоспитализирани и пет кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани осум, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, стои во соопштението од МЗ.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.