Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бомбашите” од Загреб во притвор

0
By Нова ТВ on January 28, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 28, 2013 12:00

Поради поврзаност со експлозијата на плоштадот Јелачиќ, одреден е притвор од осум дена за шест осомничени. Началникот на загребската полиција Горан Бурушиќ изјави дека мотив за нападот е „луда индивидуална идеја на луѓе кои не знаат што со себе.”

Еден месец притвор во истражниот затвор за шестте момчиња кои минатата недела активираа експлозив на централниот загребски плоштад Јелачиќ, одлучи истражниот судија на загребскиот општински суд.

Во пресрет на истрагата и приведувањето на шестте осомничени во Петок, претставниците на загребската полиција изјавија дека мотивот за нападот е привлекување на вниманието кон себе и тоа што „осомничените не знаат што со себе.”

Пред активирањето на експлозивот во Среда наутро, еден од осомничените го чувал експлозивот еден месец во својот стан во Загреб. Максимална казна за кривично дело загрозување на безбедноста на луѓе и имот, е пет години.

Началникот на полицијата Горан Бурушиќ потврди дека еден од осомничените сам се пријавил во полиција, но дека во истрагата помогнале и камерите поставени на плоштадот како и оние на зградите во околината.

Еден од осомничените е приведен на граничниот премин со БиХ, двајца од осомничените се уапсени во Загреб, а тројца на подрачјето на Шибенската жупанија.

Некои од нив се веќе евидентирани во полицијата. Освен материјална штета, нема повредени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.