Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 19 март до 21 април спроведе 1.645 инспекциски надзори и изрече пет глоби. Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, извршени се контроли во маркети, во угостителски објекти, на зелени пазари, во месарници и во производствени објекти.
„Изречени се и 75 казнени мерки – едукации, поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и уште 64 за лоша општа хигиенска состојба по кои правните субјекти веднаш постапуваа“, истакна Филиповска Грашкоска.
Шесте инспекциски институции во земјава од 19 март до 21 април спровеле вкупно 33.173 надзори. Најголем дел од нив (26.569) се направени од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кој затворил 162 угостителски објекта кои не ги почитувале мерките на Владата.