Министерството за здравство (МЗ) информира дека двете компаниите што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa испратиле известување дека нема да бидат во можност да ја извршат испораката согласно договорот. Поради тоа, од МЗ потенцираат дека јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.
„Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини што пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Во моментот на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто.