Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, каде се пакуваат хуманитарни пакети што се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител. Полицијата и денеска пред магацинот и стопирана е дистрибуцијата на хуманитарната помош што е намената за граѓани од социјално-ранливи категории.
Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хуманитарните пакети, потврди за упадот на полицијата и рече дека текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детаљи за настанот.
Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви. Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.
Заев на Фејсбук: ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби државни инситуции за партиски цели
Преку социјалните мрежио се огласи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Синоќешниот настан во магацинот во кој се пакуваа хуманитарните пакети го нарече скандал, побара истрага од надлежните институции и одговорност за акцијата.
„Злоупотреба на полицијата и државни институции од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски кои се обидоа да спречат хумана, солидарна, акција за помош на моите сограѓани. Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците. ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација. Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност“, напиша Заев на својот Фејсбук налог.