Првата фаза од авионска дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши во понеделник, во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), доколку временските услови не дозволуваат вршење на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од РЦУК ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.