НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорот: Претседател ќе биде…

0
By Нова ТВ on January 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средношколците не се вклучени во одлучувањето во училиштата и не се застапени во нивните органи, а работите одат до таму што многу често професорите назначуваат претседатели на класовите, без учениците да имаат можност да пуштат глас.
Тоа е дел од сознанијата до кои дошло истражувањето за средношколско организирање и учество во Македонија, кое го спровел Младински образовен форум (МОФ). Во истражувањето биле опфатени 54 средни училишта и 155 ученици од 14 градови во Македонија.

При истражувањето на начините на избор на претседатели на класови и генерации, се забележува дека училиштата, претставени преку класните раководители, поставуваат строги и дискриминаторски услови, дозволувајќи им само на редовните, дисциплираните, примерните и учениците со солиден успех да можат да ги застапуваат своите соученици.
Од одговорите на учениците се забележува дека класниот раководител има големо влијание врз изборот на претседател на клас. Сè уште постојат училишта во кои изборот на претседател на клас го врши класниот раководител, со што на учениците директно им се одзема правото да одлучуваат кој ќе ги претставува. 

– Најчесто само во прва и втора година, професорите им дозволуваат на учениците сами да си бираат претседател на клас, а потоа откако ќе ги запознаат сите ученици подобро, тие самите го прават тоа – рекол еден од анкетираните средношколци.

Главните забелешки на учениците се за  квалитетот на настава, комуникацијата професор-ученик, оценувањето, комуникацијата со стручните служби и со претставниците на учениците, меѓуетничките конфликти и инфраструктурата во училиштата.
Средношколците се разочарани и што отсуствува  средношколско организирање на национално ниво. Последните јавни активности на Унијата на средношколци на Македонија и на Средношколската унија на Македонија се забележани во 2008 и 2009 година, преку оградување од протестите против воведувањето државна матура и преку приклучување кон протестите кои студентите ги организираа пред Европската комисија во Скопје, а против одложувањето на датумот за почеток на преговори за членство на Македонија во Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.