НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева со приватна тужба кон Боки 13 за неовластено снимање

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева поднела приватна тужба против Бојан Јовановски за неовластено снимање без нејзино знаење. Ова е обелоденето на денешното рочиште за случајот „Рекет“ што продолжи со изнесување на докази на одбраната. Снимката со мобилен телефон била направена во нејзиниот дом со пари на масичка пред Јанева.

„Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Според адвокатите на Јанева се работи за фотографијата која претходно била изведена како доказ, а на која се гледа како таа седи на тросед и пред неа, според обвинението, има купче од 50.000 евра. Судот воедно одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, меѓу кои и пет снимки од јутјуб, како и документи од предистражна постапка со образложение дека нивното откривање ќе направи поголема штета од доказна вредност. Но, извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) прифати да биде презентиран како доказ.

„Мобилниот телефон на Јовановски воопшто не е вештачен. Вешто лице од МВР извадил само три слики со Јанева, се сомневаме дека тоа е по налог на Русковска“, се побуни адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, во дополнение на доказната постапка, како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). И на таквата одлука следуваше реакција од Дуковски кој рече дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.

„Ако сведокот Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет, тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан“, истакна адвокатот Дуковски.

Следното рочиште во случајот „Рекет“ е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци. Судењето почна на 3 декември минатата година. На првото рочиште третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и ден подоцна беше осуден на тригодишна затворска казна. Пред неколку недели нему му беше укинат куќниот притвор од лични причини и одлуката по жалбата на Апелација ќе ја дочека на слобода.

Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги товари Јовановски и Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја“) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Бојан Јовановски Катица Јанева Неовластено снимање Случај „Рекет“ тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.