Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил го објави видео спотот што во понеделеникот вечерта се снимаше на големиот паркинг кај СЦ „Борис Трајковски“ по повод денешниот патронен празник на македонската полиција – 7 мај.
https://www.facebook.com/NakjeChulev/videos/549327369110810/
Видео во времетраење од минута и пол, како што пишува првиот човек на МВР, е посветено на сите полициски службеници, здравствени работници, припадници на армијата и на сите оние во првите редови во справување со пандемијата од коронавирусот.
„Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места. Неизмерно сме ви благодарни за сета посветеност и за сите жртви кои ги давате секојдневно во борбата против оваа пандемија. Сите заедно сме сплотени на само чекор од совладување на еден од поголемите предизвици со кои се соочило човештвото досега. Нека е честит Денот на македонската полицијa“, стои во честитката на Чулев.