НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боки-13 денеска во случајот „Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милевски ја зема со леснотија, изјави Бојан Јовановски-Боки 13 на денешното рочиште за случајот „Рекет“ во кој е првообвинет.

„Тврдат дека таму имало милион евра во апоени од 50 евра што е невозможно и ќе тежеше повеќе“, кажа Јовановски.

Најодговорно, рече Јовановски, тврдам дека немам ниту еден допир на таа торба и Обвинителството требаше да ја најде и да ја извештачи.

„Ноторна лага е дека мене ми биле дадени 500.000 евра за Јордан Камчев да излезе од притвор. Со Камчев не сум разговарал за никакво олеснување, туку сме разговарале само за бисниси. Сме оделе на вечери, сме збореле за сè и сешто. Ме провоцирале и прашувале да зборам и да се правам паметен и да зборам и за СЈО. Ме снимале и спакувале, но кажувам тоа биле само мои лични мислења“, изјави Јовановски.

Јовановски: Ниту знаев за „Империја“, ниту сум влијаел врз Јанева

Јовановски рече дека за постоењето на предметот „Империја“ дознал дента кога на неговата телевизија одекна веста за истрага на СЈО против Орце Камчев.

„Категорично тврдам оти не сум знаел дека ќе се отвори предмет „Империја“. Сега знам дека целта беше да се злоупотреби моето познанство за да се запре кривичниот прогон и од оваа дистанца знам дека тоа било целта на Зоран Милевски и запознавањето со Орце Камчев“, кажа Јовановски.

Нагласи дека за „Империја“ ниту знаел дека ќе се случи, ниту кога ќе се случи.

„Никогаш не сум направил нешто од тоа што беше побарано од мене од Милевски. Ниту сум можел да влијаам на Катица Јанева, ниту некој можел да и влијае. Тоа ќе можев да го докажам ако имаше вештачење на мојот телефон, да видите кој се ми има пишувано дека до Јанева никој не може да допре и дека е решена да оди до крај“, изјави Јовановски кој кажа дека со Катица Јанева се запознал во септември во 2018 кога ја барал да биде гостинка во емисија на неговата телевизија.

Конкретно за предметот „Империја“ рече дека се запознал со списите во текот на овој судски процес кога биле презентирани во судница.

Боки-13 ја обвини Русковска за корупција и директна поврзаност со случајот „Дијамед“ 

За разлика од тоа дека од Катица Јанева не добил никакви информации, рече дека Вилма Русковска често директно го брифирала за нејзините дејствија и за тоа кога и кој ден ќе повикува. Тој кажа дека имал средби со Русковска во неговата канцеларија со отворени разговори, кафе и алкохол. Неговите тврдења одеа дотаму што ја обвини и за корупција и директна поврзаност со случајот „Дијамед“ за кој рече е директен сведок.

Обвинителката Вилма Русковска, пак, реагираше до судот да го предупреди и порача дека ако некој поседува докази против неа или кој и да е, има институции каде да се пријави, а не на ваков начин да се плука.

Со првата емисија на „Инсајдер“, наведе Јовановски, почнале неговите проблеми и кампања од Зоран Азманов дека се работи за рекет побаран од него.

„Дека не се работи за рекет го имам документот од суд дека се отфрла пријавата“, изјави Јовановски.

За одземената гардероба рече дека најголемиот дел е купена или добиена пред 2018 година.

„Никогаш не сум бил повикан да потпишам што се е одземено од мојот дом“, рече Бојан Јовановски во сведочењето пред судот.

Судењето за предметот „Рекет”, почна на 3 декември во минатата година. На првото рочиште третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и беше осуден на три години затвор. Пред неколку недели нему, со гаранција, му беше укинат куќниот притвор поради семејни причини и одлуката по жалбата од Апелација ја чека од слобода.

Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги товари Бојан Јовановски и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Бојан Јовановски сведочење Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.