НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со витамини во борба против ковид-19

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во борбата против ковид-19 е неопходен функционален имунолошки систем. За таа цел на телото му се потребни витамини и други хранливи материи. И, токму тоа многу луѓе го немаат во доволна мерка.

Носење маски, држење отстојание, миење раце се правила кои важат насекаде низ светот. Освен да го правиме сето тоа и да чекаме на пронаоѓање ефикасен лек против ковид-19 или вакцина, нема што друго да се прави? – Па, не е баш така.

Има едно нешто кое сега е поважно од кога и да е и има исто толку голема улога како добрата хигиена – функционален имунолошки систем, нешто за што ниту се дебатира јавно, ниту пак е дел од каталогот на владата со препораки за борба против пандемијата.

Биохемичарот Адријан Гомбарт, истражувач на важноста на хранливите материи за имунолошкиот систем на Институтот „Линус Паулинг“ на Универзитетот Орегон, сака тоа да се промени. Тој заедно со колегите подготви документ во кој се содржани резултати од истражувања на различни хранливи материи и нивното влијание врз човечкиот имунолошки систем. Сознанија кои би можеле да бидат дополнително оружје во борбата против коронавирусот.

Ништо без витамини

„Сите преземени мерки се важни. Но, важно е да внимаваме и на нашата исхрана, за имунолошкиот систем да може воопшто да функционира“, вели Гомбарт. Тоа е особено значајно во стресни времиња како актиелните, во кои брзо посегаме по брза храна како утеха. Доволно хранливи материи? Не нè интересира многу.

Притоа, витамините Ц и Д, или други материи како цинк, железо и селен, имаат многу поголемо значење освен да бидат третирани во стилот „убаво е да се земаат“. Во најлош случај, недостаток од одредени материи може да отвори врати за вирусите, поради тоа што телото не е во состојба да се одбрани од нападите. Тогаш е особено голема опасноста од тежок тек на болеста за луѓето кои и онака припаѓаат на ризични групи.

„Секоја клетка од нашето тело користи различни микрохранливи материи за да може да функционира“, вели Гомбарт. Такви материи се витамините, минералите или омега-мастите.

За разлика од макро хранливите материи, како масти, јаглени хидрати и протеини, микрохранливите материи не му даваат на телото енергија, но, сепак, есенцијални за основните функции на еден организам. Не само за метаболизмиот, туку и за одбранбениот систем.

На одбранбена линија

Адријан Гомбарт го истражува, пред сè, витаминот Д.

„Пред неколку години нашата истражувачка група откри дека витаминот Д ја регулира експресијата на еден ген кој кодира еден антимикробен пептид. Вакви пептиди учествуваат во неспецифичните одбранбени механизми на нашето тело. Витаминот Д, освен тоа, учествува и во регулирањето на други гени важни за имунитетот“, вели тој.

Тоа значи дека недостиг на витаминот Д може да направи дупка во одранбените линии на нашето тело. Тогаш напаѓачите можат лесно да победат. Човечкото тело во оптимален случај може да направи многу за своја одбрана. Бактериите мора прво да минат низ кожата и слузницата. Кога ја минуваат оваа прва одбранбена линија, телото на инвазорите реагира со фагоцити, антомикробни протеини и воспаленија. Тоа е дел од неспецифичните одранбени механизми.

Борбата против САРС-КоВ-2 мора да се води со многу специфичен имунолошки одговор. Лимфоцитите им влегуваат во трага на надворешните микроорганизми и молекули, меѓу нив и вирусите. Лимфоцитите потоа може да продуцираат антитела и, слично на снајперист, да влезат во борба со прецизно гаѓање.

Витамин Ц против патогените

Тие процеси можат да течат разумно само ако телото е добро опремено. На пример, со витамин Ц. „Витаминот Ц, меѓу другото, е потребен за создавање кислородни радикали. Тие радикали се натамошно оружје на телото во борбата против предизвикувачот на болеста.“

Витаминот Ц, освен тоа, учествува во производството на антитела, без кои телото не може да го држи ковид-19 во шах-позиција. Затоа, пациентите кои се разболуваат од новиот вирус и на кои им е потребна интензивна медицинска нега, добиваат високи дози витамин Ц, вели Изабел Шифер, експерт за генетика и истражување на староста и портпарол на фондацијата „Засекогаш здрави“.

Шифер и нејзините колеги се занимаваат со прашањето – како луѓето да се одржат што е можно поздрави и да доживеат што е можно подлабока старост. Основа за нивните препораки се сознанијата од различни научни гранки. Тоа ја вклучува и натуропатијата. За „да дадеме придонес“ во време на корона, вели Шифер, тимот на „Засекогаш здрави“ е во потрага по билки чија ефикасност би можела да се докаже во клинички студии.

„Заклучивме дека има многу малку познавања за растителни материи кои евентуално би можеле да помогнат за намалување на симптомите или полесен тек на инфекцијата“, вели Шифер.

Дел од растенијата кои Шифер и нејзините колеги ги идентификувале како потенцијални помагачи во борбата против ковид-19 е и бозелот.

„Во клинички студии беше докажано дека екстрактот од бозел ја намалува веројатноста од настинка и го крати времетраењето на проблемите на дишните патишта во случај на грип“, вели Шифер.

Храна или додаток во исхраната?

Позитивниот ефект на бозелот нема ништо со хокус-покус, туку има врска со биохемијата – содржи голем број витамини и микроелементи. И Изабел Шифер и Адријан Гомбарт се на мислење дека во моментот е добро преку додатоци во исхраната да се зголеми внесувањето на витамини и други микрохранливи материи.

Сојузниот институт за проценка на ризик (БФР), пак, е со поинаков став.

„Преку одмерена и разновидна исхрана здравото тело се снабдува во основа со сите материи кои се животно важни“, се вели во неговото соопштение. Сепак, институтот признава дека постојат исклучоци од ова правило.

Во текот на бременост и доење потребата од хранливи материи е зголемена. И старите луѓе често имаат недостиг. Тие во моментот се ризична група број еден.

Има многу аргументи зошто прашањето на функционален имунолошки систем би требало да има повисок приоритет во политичката дебата околу здравјето на населението. Здравата исхрана не би требало да биде прашање на стил на живот, туку мерка за превенција на болести. Исто како и темелното миење раце.

Витамини Исхрана Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.