Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институт „Крсте Мисирков“: Македонскиот јазик е реалност, а не југозападна форма на бугарскиот

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 10, 2020 15:10

Заедничката иднина треба да се гради со меѓусебна доверба и пријателство. Тоа ќе се постигне само доколку се прифатиме и вистински се почитуваме, а секој што претендира себеси да се смета за научник мора да биде во согласност со времето. Основно човеково право е правото на употреба на мајчиниот јазик и на самоопределување. Секој обид да се постигне тоа со сила или уцена ќе биде неуспешен.

Ова го истакнува Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје во реакција до медиумите на најновото издание на Бугарската академија на науките (БАН) со наслов „За официалния език на Република Северна Македония“, потпишано од 12 автори и шест надворешни консултанти под раководство на проф. д-р Васил Николов, заменик-претседател на БАН што беше промовирано на 7 мај годинава, за кое порачува дека ставовите на авторите не се научно базирани.

„Она што може да се заклучи од првиот поглед на оваа книшка е дека ставовите на авторите не се научно базирани. Македонскиот јазик функционира како стандарден јазик веќе 75 години, рамноправен во рамките на Обединетите нации, со испишани илјадници страници во сите функционални стилови. Вештачките јазици, оние кои немаат жива основа не успеаја да го минат тестот на времето. Таков беше случајот со есперантото, на пр. македонскиот јазик кодифициран на народна основа го нема тој проблем. Македонците не можат да се чувствуваат како Бугари, ниту да го сметаат бугарскиот јазик за мајчин. Впрочем, во последните 100 години, само за време на окупацијата од 1941 до 1944 година во поголемиот дел на Македонија службен бил бугарскиот јазик, така што двата јазика се развивале одделно и притоа доста се оддалечиле“, велат од Институтот во реакцијата упатена до медиумите.

Главните тези на оваа книшка, потенцираат, ни се добро познати зашто претставуваат официјален став на бугарската лингвистичка наука за наводното „непостоење“ на македонскиот јазик, кој е побиен повеќепати со научни аргументи (Конески Б. По повод најновиот напад на нашиот јазик, Скопје 1948; За македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Посебни изданија, кн 11, Скопје 1978; Стаматоски, Т. Борба за македонски литературен јазик, Скопје 1986; Минова-Ѓуркова Л. Македонски јазик, Ополе 1998.).

„По брзиот прочит (се работи за книшка од вкупно 68 страници со многу фотографии), може да се забележи дека информациите главно се паушални и тенденциозни, без цитирање соодветна литература, направен е избор на „подобни“ личности од Македонија кои се анализираат, се обвинуваат познати македонски лингвисти за плагијат и ненаучни толкувања без соодветна поткрепа, се воспеваат потпросечни македонски писатели како прочуени зашто имале пробугарски ставови, па дури и се даваат насоки за македонските научници како треба да пишуваат и каков треба да биде македонскиот јазик во иднина. Згора на сè, се промовира и ново име на македонскиот јазик, а тоа е северномакедонски бугарски јазик“, потенцираат од Институтот за македонски јазик.

Во вкупно 11 поглавја, додаваат, поголемиот дел насловени како „Вистината за…“, ни се нудат искривени факти за историјата на македонскиот јазик, за имињата, за „бугарските“ книжевници од преродбата, за создавањето на книжевната норма, за „бугарската“ природа на македонските дијалекти, итн. Книшката започнува со тезата дека „официјалниот јазик на Република Северна Македонија по своето потекло и структурно-типолошки карактеристики е југозападна писмено-регионална форма на бугарскиот јазик“ (с. 7), термин кој не постои во лингвистиката како наука, и натаму се дадени „аргументите“ кои, според нив, ја докажуваат таа теза.

„Македонскиот јазик е предмет на интерес на повеќе странски научници, како на пр., на Хорас Лант, професор на Универзитетот Харвард и студент на Роман Јакобсон, кој во 1952 година објави „Граматика на македонскиот литературен јазик“ на англиски, потоа Гард, Миниси, Пјанка, Хил, Лубаш, Фридман, Усикова, Крамер и др. Застапен е во Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), Европскиот лингвистички атлас (ЕЛА) (Atlas Linuarum Europae ‒ ALE), Малиот балкански атлас.

„Македонскиот јазик се проучува, македонскиот јазик се изучува и се изучувал на различни нивоа на повеќе од 30 универзитети во: Австралија (Мелбурн, Сиднеј), Австрија (Виена), Албанија (Тирана), Италија (Неапол), Канада (Торонто), Полска (Варшава, Краков, Катовице, Сосновјец), Романија (Крајова, Букурешт), Русија (Москва, Перм), САД (Чикаго, Чапел Хил, Портланд), Словенија (Љубљана, Марибор), Турција (Истанбул), Унгарија (Будимпешта), Франција (Париз), Хрватска (Загреб, Риека), Чешка (Прага, Брно) и др., а за научни проучувања бројката е многу поголема“, прецизираат од Институтот „Крсте Мисирков“ и додаваат дека тоа е реалноста.

Бугарија Институт „Крсте Мисирков“ македонски јазик реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.