Новозаболени 22 лица, излекувани 64 е билансот од ковид-19 во земјата за последните 24 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ). Во соопштението од таму се потенцира дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се регистрира 64 оздравени пациенти во изминатото деноноќие од кои во Скопје – 17, во Куманово – 9, во Прилеп – 12, во Тетово – 3, во Струга – 12, во Охрид – 9, во Гостивар – 1 и во Кичево – 1.
Во изминатите 24 часа, посочуваат од МЗ, се направени се 145 тестирања, при што се потврдени 22 новозаболени со ковид-19 и тоа во Скопје – 13, во Прилеп – 2 и во Тетово – 7.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 373. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 563, активни 128
Куманово – 408, активни 44
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 2
Прилеп – 178, активни 58
Тетово – 117, активни 58
Струга – 67, активни 4
Велес – 107, активни 49
Битола – 23, активни 4
Охрид – 15, активни 0
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар – 19, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 2
Делчево – 1, активни 1
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 2
Берово – 1, активни 1
Направените 145 теста се преку ИЈЗ – 122, преку Ветеринарен факулет – 0, преку „Авицена“ – 0, преку „Биотек“ – 0, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 17, преку „Систина“, со PCR метода, – 0 и преку МАНУ – 6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.
Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште толку имаат потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид-19, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно седум, а уште едно лице се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово и во Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.