Едно полинато лице, пет излекувани и 10 новозаболени е билансот на ковид-19 во земјава за последните 24 часа, истакна министерот за здравство Венко Филипче на пладневната прес-конференција во Владата. Смртниот случај, како што истакна, е регистриран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде почина лице на 60 годишна возраст од Делчево кое имало и придружни малигни болести
„Денеска се регистрирани пет оздравени пациенти во Скопје и во Неготино, а потврдени се 10 нови случаи“, нагласи Филипче.
Вкупната бројка од почетокот на пандемијата во земјата е 1.674, оздравени се 1.205, а починати се 92. На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 примени се примени тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 41 пациент. Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања.
Министерот Филипче воедно ги отфрли шпекулациите дека има некоја причина и тенденциозно се намалува бројката на тестови. „Се намалува бидејќи нема доволен број на пациенти со симптоми“, истакна тој.