Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева: Идентитетот на Македонија никогаш и од никого не бил оспоруван

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 СВЕТ
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 11:04

Никој не ги спречува нашите соседи да се самоопределат, но тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Тоа самоопределување, таа нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на вистината. Основата на нашиот договор е заедничката историја. Никој не го оспорува правото на Македонија да има држава и како да се самоопределува. Правото на самоопределување е човеково право“, истакна Захариева за бугарската „Нова ТВ“.

Шефицата на бугарската дипломатија нагласи дека во сите документи, вклучително и оние на Европската унија за почеток на преговорите за членство со земјава, се споменува и Договорот за пријателство и добрососедство што Северна Македонија и Бугарија го постигнаа во август 2017 година.

Захариева смета дека заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања мора да продолжи со својата работа.

„Поради изборна кампања не може да биде запрена работата на една експертска комисија, која не е политичка. Таа треба да продолжи со нејзината работа“, истакна бугарската министерка за надворешни работи.

Неодамна бугарскиот европратеник Андреј Ковачев се закани дека Бугарија би можела да стави вето на стартот на преговорите на земјава со ЕУ, доколку заедничката историска Комисија не почне со работа до јуни.

Захариева минатата недела одби да го коментира ваквиот став на Ковачев, но потенцира дека инсистира Комисијата да продолжи со работа, додавајќи дека во текот на процесот на преговори на една земја за членство во ЕУ, потребна е согласност на секоја од државите членки на Унијата за отворање и за затворање на поглавјата и за целиот преговарачки процес.

Бугарската министерка во таа прилика додаде дека Бугарија со години е еден од најсериозните поддржувачи на Северна Македонија, но дека инсистира на исполнување на одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Бугарија Екатерина Захариева идентитет Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.