Македонските бачила од високопланинските региони за првпат добија струја. Со средства од програмата за рурален развој за 2019 година, се набавени 50 фотоволтаични панели и истите се распределни низ бачила во целата држава, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Фотоволтаичните панели, како што кажа Димковски, се распредели во бачила во Битола, во Штип, во Радовиш, во Македонски Брод, во Дебар, во Кавадарци, во Гостивар, во Свети Николе, во Кичево и во Велес.