Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димковски: Увозот на земјоделски производи намален за 15 милиони евра, извозот за 16

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 14, 2020 15:37

Пандемијата направи пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи. Последните податоци од крајот на април покажуваат дека во земјава има намален увоз на земјоделски производи за околу 15 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) Трајан Димковски при денешната посетата на Штип.

„Но, исто така, и извозот е намален некаде за 16 милиони евра. Тоа значи дека намалувањето со увозот и извозот оди на некој начин паралелно. Одредени производи достигнаа висока цена. Токму оризот, за кој имаме цени од 58 до 60 денари за откуп на големо постигна висока цена, додека кај зелката цената е многу пониска од претходните години. Тоа се покажува и со податоците кои ги имаме при извозот. За извезени за 10.000 тони поголеми количини имаме за околу пет милиони евра помали приходи, изјави Димковски.

Тој најави дека МЗШВ се подготвува сега во делот на лозарството, бидејќи по извозот на тутун, додаде, виното е вториот извозен производ, кој годишно достигнува извоз од над 50 милиони евра.

„Европа како генерален производител на вино, каде се најзастапени Шпанија, Италија, Франција, кои држат можеби над 30 отсто од светскиот извоз, ќе се соочи со вакви големи предизвици. Ние сме во соработка со цел да ја дочекаме сезоната многу поподготвени и да помогнеме и на винариите и на лозарите да се ослободат од залихите. Од друга страна дезинфициентот, како алкохолен дестилат се бара на пазарите, така што очекуваме малку подобра координација и соработка со сите вклучени страни“, посочи Димковски.

Тој, како што рече, не очекува поголеми пореметувања на пазарот во другиот дел на земјоделското производство зашто состојбата пополека се стабилизира, а веќе се најавува и отворање на границите. Но, според него, и мерката за трошење на македонските производи, значи подигнување на свеста на потрошувачите.

„Тие имаат право и слобода да го изберат производот, но апелот е постојано купувајте македонски производи“, потенцира Димковски.

Земјоделски производи извоз МЗШВ Трајан Димковски увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

ВЕСТИ May 8, 2026

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади…

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.