НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Кога политката ќе реши да има избори, ДИК ќе се прилагодат кон тоа

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори. Ако политичарите кажат да има, тие тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка. Сега имаме една законска рамка, ако понатака се донесе нова, тие тоа ќе го испочитуваат, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, одговарајќи на новинарско прашање дали било разговарано околу подготовка на изборите.

Претседателот Пендаровски, посочи дека три работи од минатата лидерска средба биле побарани од надлежните институции.

„Прво во однос на миниторинг мисијата ОБСЕ/ОДИХР. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред два дена, разговараше со шефот на таа организација и доби уверување дека ќе има на писмено за колку време тие се подготвени и дали се воопшто подготвени во услови на пандемија да ги мониторираат нашите избори“, изјави Пендаровски.

Втора работа, продолжи тој, беше побаран документ од Комисијата за заразни болести, кој веќе е изготвен и каде се кажуваат сите потребни протоколи за спроведување на изборите.

„Клучна проценка во него е дека се додека не се најде вакцина, односно лек за овој вирус, изборите било каде во светот, не само тука, па веројатно и догодина, ќе мора да се бидат спроведуваат под посебен режим“, изјави Пендаровски.

Во однос на материјалот доставен од ДИК до него, Пендаровски рече дека од него е јасно дека ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори ќе се прилагодат на законската рамка откако ќе донесат одлука политичарите.

„Она што ДИК не го кажува, и не може да го каже, бидејќи не е нејзина надлежност, е датумот за избори. Кога политичките лидери или политиката ќе решаат да има избори, тие ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите, во оваа ситуација според уредбите со законска сила“, изјави Пендаровски.

Нагласи дека имал средба со членовите на ДИК и целосно е сигурен во нивната професионалност и знае дека материјалто доставен до него е донесен едногласно.

Уставниот суд, посочи Пендаровски, веќе има одлука дека вторите 30 дена вонредна состојба не беа не уставни, што значи дека не очекувам да има промена и за овие 14 дена.

Претседателот, уште еднаш, го повтори ставот дека ако нема вонредна состојба Армијата не може да биде вклучена во помош на полицијата за справување со корона кризата.

избори Македонија Стево Пендаровски ДИК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.