Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Владата и префрлила 360 илјади евра на ТВ Сител во еден ден

0
By Нова ТВ on January 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 20, 2014 14:42

„Нема сомнение дека Градски стадион б.б. е седиштето на „Метастаза“ б.б. на Никола Груевски и неговата Влада. Слушнавте како власта купува уредници. Еве како Никола Груевски купува цели медиуми“, ја почна денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Ова се само 4 уплатници за легнати пари на сметка на телевизија Сител. Во само еден ден. На 23 дена пред локалните избори:

– Датум 01 март 2013. Корисник на буџетски средства: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител ДООЕЛ Скопје. Уплатени 7 милиони и 11 илјади денари!

– Повторно, 01 март 2013. Корисник на буџетски пари: Влада на Р.М. Примач: Телевизија Сител. 5 милиони 842 илјади 499 денари! Во текот на истиот ден се уплатени уште толку пари на сметката на Сител, 5 милиони 842 илјади 499 денари.

– Повторно, 01 март 2013. Владата и префрла на Сител 2 милиона 75 илјади 625 денари.
Повторно, 01 март 2013. Владата на РМ на Сител и пушта уште 1 милион и 230 илјади денари.

„Тоа е вкупна сума од 22 милиони денари! Тоа се 360 илјади евра пари од Буџетот, испратени од Илинденска б.б. на адреса на Градски стадион б.б. Во само еден ден! На 4 различни уплатници, на само 23 дена пред локалните избори! Само за еден ден 360 илјади евра за Сител. Цел на дознака: реализација на кампања“, истакна Шилегов.

Кој ги постави следниве прашања: Каква кампања исплаќа Владата? На 1 март? 23 дена пред избори? Дали Владата плаќа за ВМРО-ДПМНЕ со пари од граѓаните?

– Ако само за еден ден Сител добива 360 илјади евра, колку пари месечно Владата и дава на Телевизија Сител за реклами против опозицијата премиере Никола Груевски?
Вака ли ги плаќате негативните кампањи против раководствата на СДСМ?

– Колку исплативте или ќе платите на вашите одработувачи за засилената валкана кампања деновиве против раководството на СДСМ, откако СДСМ ги отвори вашите заеднички милионски тендерски зделки?

– Колку тоа вкупно ги чини граѓаните на Македонија и уште колку медиуми и мегафони храните со државни пари господине Никола Груевски?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.