И денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата мина без консензус за датум за предвремените парламентарни избори. Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.
Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.
ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август или почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не против предлогот за избори на 21 јуни.
На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ – Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на ДУИ – Али Ахмети, на Алијанса за Албанците – Зијадин Села, на Алтернатива – Африм Гаши, на Движење Беса – Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.