Две починати лица, 50 излекувани и 22 новозаволени е билансот на ковид-19 во земјата во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје на 78 години кој бил хоспитализиран на 7 мај и пациент од Тетово на 77 годишна возраст кој бил на болничко лекување од 14 мај.
Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 50 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 16, во Куманово – 10, во Прилеп – 6, во Тетово – 15, во Велес – 1, Крива Паланка – 1 и Валандово – 1.
Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања, пришто се регистрирани 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 8, во Штип – 2, во Прилеп – 2, во Тетово – 3, во Струга – 1, во Велес – 4, во Свети Николе – 1 и во Гостивар – 1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лива во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е следна
Скопје – 636, активни 143
Куманово – 416, активни 21
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 4
Прилеп – 202, активни 59
Тетово – 150, активни 66
Струга – 71, активни 5
Велес – 125, активни 53
Битола – 27, активни 8
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 20, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1
Направените 533 теста се преку ИЈЗ – 256, преку Ветеринарен факултет – 7, преку „Авицена“ – 12, преку „Биотек“ – 36, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 61, преку „Систина“ со PCR метода – 53 и преку МАНУ – 108. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 203 се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа се примени двајца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациент, а вкупно хоспитализиран е 21. На респиратор се четворица од нив, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани седум лица со ковид-19, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.