Дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојановска со реакција на Фејсбук на изјавата за намалување на платите во јавната администрација што министерката за финансии Нина Ангеловска ја даде за време на гостување на ТВ Телма.
Во постот таа посочува дека паралелно со најавите за кратење на платите на вработените во јавниот сектор, се вршат нови вработувања во институциите.
„Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања, институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите, не постапуваат. Ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС, а со „Обновата на Македонија“ институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има“, пишува Стаменковска-Стојановска.
Посочува дека за неводење на редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка, а како што вели, за вработени на кои им се исплаќа плата, иако не постои повеќе основ поради кој се вработиле, нема опомена и кривична одговорност. За овие состојби вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија.