НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 23 заболени лица, девет излекувани, еден пациент почина

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коронавирусот е детектиран кај нови 23 лица во изминатото деноноќие, девет пациенти се излекувани и забележан е еден смртен случај, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Новите 23 случаи со ковид-19 се регистрирани преку 702 тестирања и  во Скопје – 12, во Куманово – 4, во Прилеп – 2, во Тетово – 4 и во Неготино – 1.

Од МЗ истакнуваат дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани девет оздравени пациенти од кои во Скопје – 3, во Прилеп – 1, во Струга – 1, во Велес – 3 и во Кочани – 1. Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, кој бил примен вчера со симптоми на ковид-19, а денеска бил потврден како позитивен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е следна

Скопје – 685, активни 178
Куманово – 423, активни 27
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 3
Прилеп – 206, активни 56
Тетово – 165, активни 76
Струга – 71, активни 4
Велес – 127, активни 49
Битола – 28, активни 9
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1

Направените 702 теста се преку ИЈЗ – 408, преку Ветеринарен факултет – 29, преку „Авицена“ – 38, преку „Биотек“ – 33, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 39, преку „Систина“ со PCR метода – 28 и преку МАНУ – 127. Досега во земјата се направени вкупно 24.018 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 365 се дел од скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје, сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје и притоа не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени осум нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени шест нови лица со ковид-19, а вкупно се хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се пет пациент, a со потешка клиничка слика се уште шест.

Во болницата во Битола се хоспитализирани осум пациенти, а на домашно лекување се следат уште тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти и ниту еден не се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.