Уште 21 заразено лице со кови-19 и 17 излекувани пациенти се регистрирани во земјава во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 258 тестирања при што вирусот е детектиран кај 12 лица во Скопје, кај пет во Тетово, кај три во Куманово и кај едно во Штип.
Од МЗ истакнуваат дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентира и 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 7, во Куманово – 2, во Прилеп – 2, во Велес – 2, во Гостивар – 1, во Крива Паланка – 1, во Пехчево – 1 и во Берово – 1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е следна
Скопје – 725, активни 204
Куманово – 436, активни 35
Дебар – 51, активни 0
Штип – 41, активни 6
Прилеп – 210, активни 46
Тетово – 177, активни 82
Струга – 75, активни 8
Велес – 127, активни 41
Битола – 28, активни 7
Охрид – 23, активни 8
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 21, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 0
Свети Николе – 1, активни 1
Направените 258 теста се преку ИЈЗ – 193, преку „Биотек“ – 57, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 0, преку „Систина“ со PCR метода – 1 и преку МАНУ – 7. Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се дел од скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, во Кочани, во Куманово и во Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени тројца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се три лица.
Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21. На респиратор се шест од нив и уште толку со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти со ковид-19 вирусот, а на домашно лекување се следат уште четворица. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, на домашно лекување се следи едно лице. На инфективните одделенија во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани вкупно 41 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.