Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Цветна Битола“ – нови цветни површини од сопствено производство

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: bitola.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 14:11

Деновиве, Битола заличи на вистински цветен град. Со нови два производствени циклуси, пролетен и есенски, ЈП „Комуналец“ од сопствено производство насади над 20.000 цвеќиња на различни  места во градот, претежно во централното градско подрачје, а веќе се оплеменуваат и останати локации.

„Ме радува што имаме ново, сериозно освежување на изгледот во нашиот град со новите поставени цветни садници. Но она што повеќе ме радува што ваквото освежување и разубавување се случува со заштеда од еден милион денари, затоа што годинава ЈП „Комуналец“ ги збогати капацитетите со кои што располага. Направи свои пластеници, каде што за прв пат цвеќето кое што се сади во толку големи количини е целосно нивно производство. Досега, преку тендерски постапки се набавувало цвеќето за разубавување на градот, но овој пат исклучително е значајно да се каже дека цела количина на цвеќе која е засадена, е производство на ЈП „Комуналец“. Нивна намера е во периодот кој што следува, бројот на пластеници да расте, а тоа значи и раст на бројот на површини кои ќе бидат разубавени на ваков начин. Останува сите ние граѓаните, да го сочуваме сето ова што е убаво и оплеменето “, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

ЈП „Комуналец“ располага со доволен број човечки ресурси и со капацитет за сопствено производство, така што резултатот од обновените пластеници сега е видлив низ градот.

„Многу се позитивни реакциите на граѓаните и добивме наплив од барања да биде уреден просторот пред нивните згради и во сите населби. Цветниот расад, сепак го поставуваме на места каде што веќе функционира системот „капка по капка“, поставен годинава, на сите локации каде што имаме нови цветни површини, затоа што само вака успешно ќе се зачуваат цветните насади. Разгледуваме и дополнителни простори со дополнителни површини каде што ќе може да поставиме ваков систем, а потоа и да продолжиме со засадувања. Намерата ни е да го прошириме пластеничното производство следната година и да направиме нова соработка со граѓаните, за да можат да подигнуваат цвеќиња во одредена количина од кај нас“, посочи директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

Досега со оваа акција е опфатен паркот кај Градскиот часовник кој речиси доби нов лик преку идејните решенија и цветните леи, цветно се аранжирани жардињерите околу Безистенот и тамошниот кружен тек, преуреден е хортикултурно просторот пред Центарот за култура со поставување на нови дрвја, нова трева и цветни аранжмани. На Широк се поставени жардињери со сезонско цвеќе, а канделабрите се декорирани со висечки саксии и соодветни цвеќиња. Во кружниот тек кај Веро соодветно се поставени дизајнирани цветни аранжмани.

„Цветна Битола“ Битола Наташа Петровска проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.