Нови 52 инфицирани лица од 661 тест, 30 излекувани и четворица починати е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Најголем број од новорегистрираните случаи има во Скопје (26), девет во Тетово, седум во Штип, шест во Куманово, двајца во Струга и по еден во Велес и во Кочани.
Од МЗ информираат дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани 30 оздравени пациенти од кои во Скопје – 16, во Тетово – 10, во Велес – 1, во Охрид – 2 и во Кратово – 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје на 73 годишна возраст кој бил примен на 21 мај и пациент од Велес на возраст од 82 години кој бил хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“, исто така, починаа две лица – пациентка од Скопје на возраст од 76 години која била примена на 21 мај и пациентка од Тетово на возраст од 55 години која била примена на 27 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 797, активни 240
Куманово – 448, активни 42
Дебар – 51, активни 0
Штип – 61, активни 26
Прилеп – 211, активни 43
Тетово – 191, активни 69
Струга – 79, активни 11
Велес – 129, активни 30
Битола – 28, активни 6
Охрид – 23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 22, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 32, активни 1
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 0
Берово – 1, активни 0
Свети Николе – 1, активни 1.
Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.
Направените 661 теста се преку ИЈЗ – 289, преку „Авицена“ – 39, преку „Биотек“ – 44, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 61, преку „Систина“ со PCR метода – 116 и преку МАНУ – 112. Досега во земјата се направени вкупно 27.684 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 124 теста се дел од скринингот во градинките и геронтолошките установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, во Велес, во Куманово и во Скопје пришто се регистрирани два позитивни случаја во градинка во Скопје и во Куманово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа е примен еден пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е еден пациент.
Во ГОБ „8 септември“ се примени шест нови, а вкупно се хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се шест лица, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти, а на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат уште толку лица. На инфективните одделенија во Велес, во Куманово, во Прилеп се хоспитализирани вкупно 30 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.