Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Колку се корисни тестовите за антитела?

0
By Нова ТВ on May 31, 2020 ВЕСТИ
Фото: tbnweekly.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 31, 2020 11:04

Без оглед што во Русија веќе со недели е во сила строг сет на мерки поради коронавирусот, бројот на нови случаи повторо расте. Само минатата сабота властите пријавиле преку 9.400 нови инфекции. Сега се планира со масовно тестирање за антитела во земјата да се создаде подобар преглед на текот на пандемијата. Италија, исто така, се потпира на опсежни тестови за да го утврди фактичкиот број на заразени.

Со т.н. серолошки тестови (ЕЛИСА) може да се открие кој веќе бил инфициран со вирусот САРС-КоВ-2: мала количина крв се тестира во лабораторија и се покажува дали постојат специфични антитела, имуноглобулини ИгМ и ИгГ, кои имунолошкиот систем ги создал против вирусот. Ако антителата ги има во крвта, примерокот ја менува бојата, објави „Дојче Веле“.

Да се открие кој е веќе имун

Масовно тестирање на антитела треба да покаже кој веќе развил имунитет на ковид-19. Така би можеле да се идентфикуваат заразените кои покажале слаби или воопшто немале симптоми типични за болеста и кои не знаат дека се веќе имуни.

На пример, оние кои се имуни, можат да бидат погодни како даватели на крвна плазма за пациенти кои се лечат од ковид-19, зашто се смета дека кај нив ризикот од повторно заболување е помал.

Извесни несигурности

Многу тестови за антитела имаат специфичност односно прецизност од околу 99 проценти. Тоа можеби звучи доволно, но во овој случај е проблематично. Зашто, 99 процентна специфичност значи дека еден процент од позитивно тестираните луѓе можеби не е заразен со САРС-КоВ-2, туку со некој друг коронавирус. Германскиот виролог Кристијан Дростен на пример, во интервју за германскиот јавен сервис НДР користеше израз „вкрстена реакција”.

Таа непрецизност на тестот има поголемо влијание во земји каде бројот на случаи на ковид-19 е многу мал во однос на бројот на жители, отколку во земји во кои голем дел од населението веќе ја има преболено болеста.

Математички модели

Да претпоставиме таков тест да се користи во земја во која 50 проценти од населението е веќе заразено: од 50 луѓе чиј тест бил позитивен, само еден би бил погрешно дијагностициран. Меѓутоа ако е само едно лице од илјада навистина заразено, од десет позитивно тестирани, девет би биле погрешно дијагностицирани.

Во меѓувреме, некои производители веќе рекламираат тестови за антитела со специфичност од речиси 100 проценти.

Според американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, Русија на 26 мај оваа година имала нешто повеќе од 350.000 инфицирани. Со популација од околу 150 милиони луѓе, лошата прецизност на тестовите има и тоа колу големо значење.

Сепак, може да биде разумно да се тестираат што повеќе лица, за да се дознае колку луѓе се всушност заразени, зашто и тоа може да помогне за подобра проценка на процесот на инфекцијата во земјата.

Антитела Коронавирус тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.