Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Потврдени 101 новозаболено лице, четворица починаа, 10 излекувани

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 3, 2020 13:26

Од направените 974 тестови во изминатото деноноќие, се потврдени 101 позитивен резултат со ковид-19, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Најголем дел од новозаболените се лица во Скопје (59), 12 во Куманово, седум во Штип, шест во Струга, пет во Тетово, по тројца во Кочани и во Гостивар, двајца во Пробиштип и по еден во Прилеп, во Велес, во Охрид и во Кавадарци.

Денеска, како што истакнуваат од МЗ, на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се регистрирани 10 излекувани пациенти (осум во Тетово и двајца во Велес) и четворица починати.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишна пациентка од Прилеп. која била хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Тетово на возраст од 75 години кој бил примен на 24 мај, потоа 71 годишен пациент од Куманово примен на 26 мај и пациент од Скопје  на возраст од 58 години кој бил примен на 30 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 742. Последната дистрибуција по градови е следната:

Скопје – 987, активни 396
Куманово – 481, активни 66
Дебар – 51, активни 0
Штип – 111, активни 76
Прилеп – 213, активни 30
Тетово – 236, активни 82
Струга – 90, активни 18
Велес – 133, активни 28
Битола – 28, активни 3
Охрид – 24, активни 7
Кавадарци – 6, активни 1
Гостивар – 32, активни 11
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 4, активни 2
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 41, активни 10
Пробиштип – 5, активни 3
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Берово – 1, активни 0
Валандово – 2, активни 1
Виница – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 2, активни 2
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку ИЈЗ – 434, преку ЦЈЗ Скопје – 40, преку „Авицена“ – 88, преку „Биотек“ – 129, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 101, преку „Систина“ со PCR метода – 89 и преку МАНУ – 93. Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 132 отпаѓаат на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје во Штип, во Прилеп, во Битола и во Скопје. Притоа се потврдени два позитивни случаја во градинки во Штип.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени 10 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 16 нови лица со ковид вирусот, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти и уште толку имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани девет пациенти, а на домашно лекување се следи едно лице. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат уште 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.