Министерствотио за внатрешни работи (МВР) регистира 318 прекршоци на мерката за носење на заштитна маска во изминатото деноноќие на територија на целата држава. Од таму истакнуваат дека се евидентирани 204 лица кои не ја почитувале мерката за забрана за движење во последните 24 часа при што се приведени 180 граѓани, а за останатите се најавени соодветни мерки.
Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава се издадени решенија за изолација на 511 лица, а 70 потпишале изјави за самоизолација
Од страна на полициски службеници, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани прекршувања на мерките.