Според изјавата на министерот за одбрана Ахмад Вахиди за државната телевизија, мајмунот се вратил жив по патување во капсулата на височина од 120 километри.
Иранската телевизија покажала слики од мајмунот, но повеќе детали за терминот, денот и локацијата на лансирањето не се даваат.
Западните нации, како што јавува Би-Би-Си, изразиле загриженост дека Иранската вселенска програма се користи за развивање на нуклеарно оружје, што од страна на Иран се демaнтира и инсистира на миротворни цели на програмата.