Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен Ковид биланс: Нови 103 случаи, пет починати лица, 13 излекувани

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 13:22

Нови 103 случаи, пет починати лица и 13 излекувани е ковид билансот во земјава во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото денобноќие, според МЗ, се направени 841 тест при што вирусот е детектиран кај 46 граѓани во Скопје, 17 во Тетово, девет во Струга, по шест во Ресен, во Штип и во Куманово, по тројца во Охрид и во Велес, кај двајца во Прилеп и по еден во Битола, во Кавадарци, во Гостивар, во Струмица и во Свети Николе.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 13 излекувани пациенти и тоа во Скопје – 10, во Прилеп – 2 и во Тетово – 1. Регистрирани се и пет смртни случаи кај три пациенти од Скопје и по еден од и од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 80 годишна возраст, хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина 74 годишна пациентка од Скопје, во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 73 години која била примена на 11 јуни и пациентка на возраст од 45 години, хоспитализирана на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од 65 годишен тетовец, хоспитализиран на 6 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.241. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 1.900, активни 1.239
Куманово – 645, активни 225
Дебар – 61, активни 10
Штип – 244, активни 202
Прилеп – 230, активни 20
Тетово – 429, активни 253
Струга – 136, активни 58
Велес – 153, активни 30
Битола – 34, активни 7
Охрид – 72, активни 54
Кавадарци – 7, активни 2
Гостивар – 69, активни 44
Гевгелија – 8, активни 4
Струмица – 9, активни 6
Крива Паланка – 10, активни 4
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 55, активни 24
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 4, активни 3
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 10, активни 9
Кичево – 3, активни 1
Ресен – 25, активни 24
Неготино – 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 841 тест се преку ИЈЗ – 488, преку ЦЈЗ Скопје – 22, преку „Систина“ со PCR метода – 105, преку МАНУ – 95 и преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 131. Во денешниот извештај се внесени и вчерашните резултати од лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори). Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на Ковид-19.

Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 123 отпаѓаат на скринингот во градинки во Штип и Охрид каде се потврдени 4 позитивни случаи, по два во двата града.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа нема прием на нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 14 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 18 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 66 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.