ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 30 години од основањето. По тој повод со честитка до сопартијците се јави Хртистијан Мицкоски, трет лидер на партијата по Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, при што користеше цитати од Гоце Делчев и Методија Андонов-Ченто.
Идеал на партијата, како што рече Мицкоски бил, сега е, но и ќе биде Македонија. Притоа го нагласи и предизвикот со кој сега се соочува партијата, а тоа се предвремените парламентарни избори и уверувањето во победа над СДСМ.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/889336921565541/