НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Се обработуваат приговорите за домашната платежна картичка

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приговорите на граѓаните за платежните картички се разгледуваат, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат и штом ќе имаат сумарни податоци, ќе излезат и ќе ја известат јавноста“, порача денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска. Таа не кажа на што точно се однесуваат приговорите.

„Важно е дека приговорите пристигнуваат, се создадоа можности сите граѓани кои сметаат дека се онеправдани да поднесат приговор до институциите. Министерството за финансии и Генералниот секретаријат ги обработуваат и веројатно штом ќе имаат сумарни податоци ќе излезат и ќе ја известат јавноста транспарентно за каков тип приговори станува збор. Секако, групирањето на приговорите е многу важно, колку од нив се позитивно решени, колку не. Се бараат и докази да се приложат кон приговорот и на тој начин да може да им се обезбеди правото доколку им следува, а институциите направиле одредени технички пропусти“, истакна Царовска во одговор на новинарско прашање по презентација на резултатите од јавниот повик „Стартапувај 2“.

Таа уште еднаш нагласи дека е важно институциите што ја спроведуваат ревизијата и примањето на приговорите, да ја известуваат јавноста за целиот процес. На прашањето како ако некој сака, може да ги донира средствата, вицепремиерката потсети дека картичките се персонализирани и единствениот начин е тие да се вратат назад.

„Во однос на тоа како може да ги донираат парите, може секој да се откаже од нив во самата информација која што ја добивате на својот телефонски уред може да притиснете копче на кое може да ги вратите финансиските средства кон Буџетот. Картичките се персонализирани, единствен начин е да ги вратат назад. Други начини не постојат во моментот. Не знам на каков друг начин мислите на донирање, но тие се персонализирани картички за искористување на одредени или финансиски средства, но секако може да се купат добрата да речеме од маркетите и се донираат каде што сакаат, тоа не е никаков спор“, објасни Царовска.

Во врска со финансиските средства кон реалниот сектор, вицепремиерката потсети дека Владата досега донесе три сета економски мерки – првите два за намалување на ударот од социо-економската криза, а третиот развоен. Доколку се увиди дека компаниите имаат одредени барања кои ќе значат раздвижување и развој на економијата, ќе се размислува во тој правец.

„Засега тие мерки се искористуваат. Да оставиме да ги видиме ефектите од финансиските средства што се вложени и за плати, но исто така се имплементира во моментот и посебна уредба која се однесува на натамошни инвестиции од страна на компаниите и секако доколку се создаде потреба или се види дека тие имаат одредени барања кои ќе значат раздвижување и понатаму развој на економијата тогаш Владата ќе размислува. Ние сме во постојана комуникација и координација и сметам дека сите барања беа слушнати, така продолжуваме и понатаму и со граѓаните и со компаниите.

Мила Царовска Платежна картичка приговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.